
Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, не сакаше да ја коментира информацијата дека Луис Енрике, кој го предводи Пари Сен Жермен, би можел да го замени во каталонскиот клуб.
„Луис Енрике? Не сакам да разговарам кој ќе стане тренер после мене. Воопшто не сакам да зборувам за следната сезона бидејќи имаме уште многу да играме во оваа“, изјави Чави, цитиран од „Мундо Депортиво“.
На крајот на јануари Чави објави дека ќе ја напушти Барселона на крајот од актуелната сезона.
По 27 кола во Ла Лига, Каталонците се на третото место на табелата со 58 бодови.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement

Прва лига
Македонија ЃП лесно го освои Чаир

Евро-фудбал
Милан без Мајк Мењан на гостувањето кај Удинезе
