Поранешниот играч за врска на Барселона, Чави, би можел да го предводи тимот по заминувањето на Роналд Куман. Каталонскиот клуб ја разгледува неговата кандидатура за следната сезона.
Четириесет и едногодишниот Чави се пензионираше во мај 2019 година. Негов последен клуб како играч беше катарскиот Ал-Сад, каде сега работи како тренер.
Чави го држи рекордот за најмногу настапи за Барселона. Тој има 767 натпревари. Најблиску до него е Лионел Меси со 760 натпревари.
Куман го презеде каталонскиот фудбалски великан минатото лето. Во осминафиналето од Лигата на шампионите, тимот загуби од ПСЖ на домашен терен со 1-4 и е блиску до елиминација. Во Ла Лига, Барселона во моментот се наоѓа на третото место.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













