
Тренерот на Барселона, Чави Хернандез им порача на четворица фудбалери дека не смета на нивните услуги за следната сезона. Каталонскиот клуб мина низ уште една неуспешна сезона. Барса остана без трофеј, но сите се надеваат дека следната сезона тимот ќе биде многу поконкурентен во сите натпреварувања.
Тренерот на каталонскиот клуб разговарал со играчите од кои сака да се ослободи, а во неговите планови не се Оскар Мингеза, Рики Пуиг, Самуел Умтити и Мартин Брајтвајт. Сите тие се слободни да бараат нови клубови. Можно е некои од нив да заминат на позајмица, но планот е да се обидат да ги продадат.
Исто така, дресот на Барселона следната сезона нема да го носат и Адама Траоре и Лук де Јонг. Тие се враќаат во своите клубови Вулверхемптон и Севилја, а нема место и за босанскиот интернационалец Миралем Пјаниќ кој беше на позајмица во Бешикташ.
Барселона засега го договори доаѓањето на Франк Кеси од Милан во слободен трансфер, а се најавуваат и дополнителни засилувања. Најзвучното име секако е Роберт Левандовски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор
