Connect with us

Чави го советувал Пике да ја напушти Барселона, а тој жестоко му одговорил

Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, и стоперот Жерар Пике имале непријатен, но искрен разговор, на кој тренерот му порачал на капитенот дека најдобро би било да го напушти клубот. Сепак, Пике нема намера да замине од „Камп Ноу“ и вели дека ќе се избори за место во стартниот тим без разлика на конкуренцијата.


Чави не го довел во прашање квалитетот на Пике, туку фактот дека тој физички не можеше да го следи темпото на напорната фудбалска сезона. Исто така, не му се допаднало однесувањето на Пике надвор од теренот. Стоперот на Барселона почна да прави разни деловни зделки, а неодамна се разведе од сопругата Шакира бидејќи наводно ја изневерувал.

Одговорот на Пике кој е член на Барселона од 2008 година беше жесток.

„Јас ќе бидам стартер. Ако имате мадиња, доведете го најдобриот стопер на светот. Тој ќе остане на клупата, а јас ќе играм”, им рекол тој на претпоставените.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови