Connect with us

Чави го сака Мохамед Салах на „Камп Ноу“

Египетскиот интернационалец Мохамед Салах е голема желба на Чави Хернандез, тренерот на Барселона. Тој побарал од претседателот Хоан Лапорта да се обиде да го добеде на лето на „Камп Ноу“. Салах ќе влезе во последната година од договорот со Ливерпул, а тоа го прави полесно достапен за другите клубови.


Барселона е во финансиска криза, но раководството прави се за да ја подобри ситуацијата пред летниот преоден рок. Каталонскиот гигант се надева дека би можел да дојде од Ерлинг Халанд, но тренерот Чави се чини дека повеќе го преферира Салах како можно засилување.

Преговорите за продолжување на соработката меѓу Салах и Ливерпул засега не одат во добра насока. Американските сопственици не се расположени да му дадат 400.000 фунти неделна плата, какви што се барањата на Египќанецот, па многу е веројатно дека на лето ќе биде продаден.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови