Барселона загуби од Кадиз (0-1) во последното коло во шпанското првенство. Тоа беше втор пораз во низа за каталонскиот тим со оглед дека минатата недела загуби од Ајнтрахт Франкфурт и испадна од Лигата на Европа.
Поразот од Кадиз беше 30. натпревар за Чави Хернандез на клупата на Барселона. Со овие два последни натпревари, Чави стана најнеуспешниот тренер на Барселона во последните 20 години.
Имено, процентот на победи во неговите 30 натпревари е 53,33, што значи дека Барселона победила на 16. Роналд Куман, кој доби отказ од Барселона на почетокот на сезоната, имаше процент на победи од 58,21.
Последен тренер со полоши резултати од Чави е Карлес Рексач кој имаше 50 проценти победи на „Камп Ноу“.
#DATO 16 victorias del Barcelona desde la llegada de Xavi en 30 partidos (53,33%).
— Fran Martínez (@LaLigaenDirecto) April 18, 2022
Empeora los números de Koeman (58,21%) y es el entrenador con MENOR porcentaje de partidos ganados desde Charly Rexach en el 2002 (50%). pic.twitter.com/AUyXDJWrQH
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal