Барселона се засили со неколку одлични фудбалери ова лето, а конечно е надминат проблемот да се регистрира и дефанзивецот Жул Кунде кој дојде од Севилја. Сега сите очекуваат од тимот на Чави да доминира во Ла Лига и во ЛШ.
Чави ги коментираше ривалите на тимот во групата Ц во Лигата на шампионите.
„Групата е многу тешка, можеби и најтешка. Донесовме добри засилувања оваа сезона, вложивме многу. Сакаме да бидеме добри во Ла Лига и во Лигата на шампионите и да се бориме за трофеи. Сепак, предизвикот е огромен. Тоа е веројатно групата на смртта“, изјави тренерот на Барселона за противници Баерн Минхен, Интер и Плзен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













