Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, беше задоволен од победата над Севилја од 1-0, која дојде по автоголот на Серхио Рамос. Според него, Каталонците одиграа еден од најдобрите натпревари оваа сезона.
„Мислам дека Барселона одигра добро, одлично напаѓавме. Единствено што недостасуваше беше постигнат гол. Задоволен сум од играта. Ова е еден од нашите најдобри натпревари. Прикажавме добар фудбал против голем тим, освојувач на Лига Европа. Резултатот од натпреварот против Мајорка не може да се нарече негативен. Едноставно немаше доволно ефикасност на тој натпревар. Имам голема доверба во Гави. Мислам дека тој е душата на тимот“, изјави Чави.
Чави го коментираше и автоголот на Рамос кој и донесе победа на Барселона.
„Серхио Рамос е одличен дефанзивец кој игра на високо ниво. Исклучителен професионалец. Имам голема почит кон него и му посакувам сѐ најдобро. Лоша среќа е да се постигне таков автогол“, објасни Чави и додаде дека нема да го гледа натпреварот меѓу лидерот Зирона и Реал Мадрид.
„Ќе бидам на роденденска забава. Затоа не можам да го гледам мечот”, објасни Чави.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













