Фудбалерите на Шкупи на „Бакчел арената“ во Баку го одработија официјалниот тренинг пред утрешниот натпревар против Нефчи во првото квалификациско коло за Лигата на Европа.
Тренерот на чаирчани, Мухарем Бајрами по тренингот на тимот уште еднаш ја потенцираше силната желба да се дојде до изненадување, иако Нефчи ја носи фаворитската улога пред пресметката.
„Владее навистина позитивна атмосфера во тимот. По мечот со Беласица, фокусот на тимот е комплетно кон утрешниот натпревар. Максимално сме подготвени, добро го анализиравме противникот. Добро знаеме за квалитетите на Нефчи, и знаеме за големото искуство на овој тим на интернационалната сцена. Нефчи е многу агресивен, динамичен тим кој игра брз фудбал. Јасно е дека е фаворит, но не значи дека сме дојдени во Баку колку само да го одиграме натпреварот… Секако моите играчи ќе дадат се од себе на овој натпревар, бидејќи вакви натпревари се играат еднаш годишно. Може да ветиме максимален ангажман во обидот да дојдеме до следната рунда од Лигата на Европа“ – истакна Бајрами на прес-конференцијата пред азербејџанските медиуми.
Натпреварот меѓу Нефчи и Шкупи утре во Баку се игра со почеток од 18 часот.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал Мадрид повторно се заинтересира за Родри?
Евро-фудбал
Јувентус го доведе Зеки Челик од Рома













