Динамо Загреб се пласира во следната рунда од квалификациите за Лигата на шампионите откако на арената во Скопје го совлада Шкупи со 0-1. Аријан Адеми беше човек на одлука, со голот во 47.минута од дуелот.
Тренерот Анте Чачиќ вели дека Динамо имал тежок двомеч со Шкупи, но дека на крајот заслужено оди понатаму.
„Беа тешки натпревари, а ние имаме притисок да одиме далеку во Европа. Имаше одлична атмосфера во Скопје и Шкупи беше цврст ривал. Сепак, ние бевме подобри и победивме со голот на Адеми. Капитенот уште еднаш се покажа како „икс фактор“ за нас. Сега не чекаат нови тешки дуели со Лудогорец“, изјави Анте Чачиќ на прес – конференцијата по мечот во Скопје.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski