
Баер Леверкузен веќе ја обезбеди титулата во Бундес-лигата, но има уште една цел за последниот првенствен натпревар в сабота. „Аспирините“ сакаат да станат првиот тим во елитата што ја завршил сезоната без пораз.
„Утре би можело да биде историски ден. Сакаме да останеме непоразени и да бидеме првиот тим што ќе помине цела сезона без пораз во Бундес – лигата. Во сабота чувството ќе биде како првото од трите финалиња“, изјави тренерот на Леверкузен, Чаби Алонсо, на денешната прес-конференција во петок.
Баер Леверкзуен сезонава нема пораз во 50 последователни натпревари во сите натпреварувања. Реми дома со Аугсбург в сабота е доволно за да се забележи невиден рекорд во Бундес-лигата. По натпреварот „аспирините“ ќе го добијат шампионскиот пехар, кој е прв во клупската историја.
„Ова е многу важен и посебен натпревар за нас. Имаме уште 90 минути да играме пред да го освоиме овој трофеј. Се разбира, со нетрпение очекуваме да славиме по натпреварот со нашите навивачи“, изјави Чаби Алонсо.
Тимот од Леверкузен ќе мора умерено да слави бидејќи следната недела може да испише уште страници од историјата доколку победи во финалето на Лига Европа против Аталанта на 22 мај, како и во финалето од Купот на Германија против Кајзерслаутерн три дена подоцна.
„Разговаравме само за Аугсбург, за сѐ друго ќе мислиме потоа“, додаде шпанскиот стратег.
Утре се очекува да игра и Флоријан Вирц, кој беше повреден, а оваа недела беше вклучен и во прелиминарниот состав на Германија за ЕП 2024.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал
