Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, за првпат јавно објасни зошто не ја прифатил понудата да стане менаџер на Ливерпул и дали навистина постоеле официјални преговори со клубот од „Енфилд“.
„Сите одлуки што ќе ги донесете мора да бидат многу јасни. Треба внимателно да размислите за нив. За мене повеќе беше тоа што го имам во моментот, отколку тоа што ми недостасува. Сигурно имам јасна релација со Ливерпул и таа секогаш ќе остане. Нема проблем меѓу нас“, изјави Алонсо.
„Околу разговорите, тоа беше некако зад сцената, но јас истакнав дека сѐ уште многу работа во Баер“.
Чаби Алонсо оваа сезона со Баер Леверкузен ги освои Бундеслигата и Купот на Германија, но во финалето на Лига Европа беше поразен од Аталанта.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













