Connect with us

Чаби Алонсо откри зошто решил да остане во Баер Леверкузен

Целиот фудбалскиот свет ја чекаше одлуката на Чаби Алонсо дали од следната сезона ќе биде тренер на Баерн или Ливерпул, но тој ги изненади сите со тоа што реши да остане во Баер Леверкузен. Секако, тоа беше и логично, бидејќи Шпанецот од неговото доаѓање практично го воздигна овој тим и од тим кој се бореше за опстанок ги донесе до врвот во Бундес-лигата.

Сега практично само прашање на време е кога и официјално ќе стане нов шампион на Германија.

Во моментов Баер Леверкузен е на првото место во Бундес-лигата со дури 16 бодови пред големиот ривал Баерн Минхен, а тоа најдобро кажува каков фудбал играат.

И покрај понудите од Баерн и Ливерпул, Чаби Алонсо реши да му остане верен на Баер Леверкузен, па и следната сезона ќе го води овој тим.

„Имав одличен состанок со челниците на Баер Леверкузен, им кажав дека ќе останам и ќе продолжам да работам во клубот. По многу разговори за мојата иднина, решив да излезам во јавноста и да кажам која е мојата одлука. Ова е местото за мене“, изјави неодамна Чаби Алонсо.

Во интервју за „ТНТ Спортс“, Чаби Алонсо јасно ги кажа причините поради кои ги одбил Баерн и Ливерпул, па решил да остане во Баер Леверкузен.

„Имам навистина многу причини за оваа одлука. Една година градиме тим овде. Градиме голем тимски дух. Има многу причини и многу играчи кои ме тераат да сакам да останам. Оваа сезона досега беше одлична. Сепак, сите сме свесни дека сакаме да продолжиме заедно. Се чувствувам како дел од клубот. По една година едноставно не се чувствувам дека треба да заминам. Не е вистинското време. Затоа останав“, јасно изјави Чаби Алонсо.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови