Лидерот во Бундес-лигата, Баер Леверкузен, се доближи на само една една победа од историската прва шампионска титула во Германија по успехот од 1-0 на гостувањето кај Унион Берлин, и може да слави веќе следниот викенд дома со Вердер Бремен.
Доколку Баерн Минхен загуби од Келн, тимот на Баер Леверкузен ќе го освои трофејот пред нивниот натпревар, а гигантот од Минхен ќе биде без тренерот Томас Тухел, кој беше санкциониран со жолт картон во поразот од новајлијата Хајденхајм со 2-3.
„Ништо не е решено“, сепак, потенцира тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, и покрај предноста на неговата екипа од 16 бода разлика.
„Ќе останеме фокусирани на нашата игра в четврток против Вест Хем и тогаш можеби ќе имаме што да славиме во недела“, додаде шпанскиот стручњак. Планирав да биде малку подоцна“, се пошегува Алонсо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal