Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, е убеден дека неговиот тим ќе се соочи со сериозен отпор против Јувентус утревечер на „Сантијаго Бернабеу“. Двата европски гиганти ќе се судрат во натпревар од третото коло на групната фаза во Лигата на шампионите.
„Ова е европска класика. Тие се сретнале многупати, а и јас сум играл во некои од тие мечеви. Се чувствуваме многу подготвени. Сакамe трета победа во Лигата на шампионите и одличен старт на сезоната. Јувентус е тактички многу квалитетен тим, често ги менуваат позициите и ги ротираат играчите. Ако не си добро подготвен, можат целосно да ти ја нарушат играта. Треба да бидеме силни во тој аспект, а кога ја поседуваме топката — да бидеме директни и да го наметнеме нашиот стил.
На готовс сме, бидејќи секој италијански тим, дури и кога е во лоша форма, може да биде опасен. Не смееме да ја заборавиме историјата — Јувентус е голем клуб, и во минатото и денес. Имаат одлични играчи, а Кенан Јилдиз е еден од нив. Тој напредува фантастично. Го познавам — беше во Баерн кога и јас бев таму. Ми е драго што го гледам како расте“, изјави тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо.
Тој му даде потстрек на Винисиус Жуниор, да продолжи со добри игри.
„Вини е исклучителен и клучен играч — решавачки. Среќен сум што го гледам насмеан и дека ужива во играта. Разговаравме за влијанието што може да го има и за тоа како може да го промени текот на натпреварот. Треба да остане фокусиран на својата игра и на тоа што најдобро го прави. Работи одлично секојдневно и тоа се гледа на теренот“, истакна Чаби Алонсо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Интернационалци
Агон Елези стрелаше во вечното босанско дерби (ВИДЕО)
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













