
Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, беше изненаден од веста дека ѕвездата на Баерн Минхен, Џамал Мусиjала, го продолжи својот договор до 2030-та година, еден ден пред големиот меч на двата тима во Бундес-лигатa.
„Навистина? Не знаев за тоа“, изјави Алонсо кога беше прашан на прес-конференцијата пред натпреварот.
Мусијала е еден од најголемите таленти на Германија, заедно со Флоријан Вирц од Леверкузен. Тие формираат одличен тандем во германската репрезентација и нивниот дуел е дел од најавата за денешниот дерби натпревар.
„Флоријан Вирц и Џамал Мусијала се меѓу најдобрите играчи во светот“, изјави Алонсо.
Потоа тој се фокусираше на својот играч Вирц.
„Фло е фактор кога правиме разлика во нашата игра. Кога е на терен, неговото присуство е многу забележително. Има големо влијание врз нашата игра и врз одлучувачките моменти во натпреварите. За него нема граници“, истакна Чаби Алонсо.
Откако ја презеде тренерската улога во Баер Леверкузен во есента на 2022 година, Алонсо не изгубил ниеден од своите пет натпревари против Баерн Минхен, забележувајќи три победи и две ремија.
Баерн Минхен има специјално место во кариерата Алонсо, бидејќи таму ја заврши својата фудбалска кариера во 2017 година. Но, ситуацијата сега е поинаква од претходните две години, бидејќи шампионите од Леверкузен треба да победат по секоја цена ако сакаат да го намалат заостанувањето од осум бода.
„Ова е голем натпревар. Врвен натпревар. Сакаме да покажеме добро ниво и да се пресставиме со многу енергија“, изјави Алонсо. „Против Баерн треба да бидеш подготвен за сè. Треба да ги препознаеме различните фази на нивната игра кои можат да не натераат на потешкотии и да реагираме на нив. Тие се најдобриот противник во Бундес-лигата и имаат подобра почетна позиција. Но ние играме дома и сме многу добри“, додаде Алонсо со малку насмевка.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Рико Луис останува на „Етихад“ до 2030 година

Евро-фудбал
Аталанта го купи Црногорецот Никола Крстовиќ

Евро-фудбал
Еберечи Езе доаѓа во Арсенал, Тотенхем „извиси“

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас
