
Фудбалската репрезентација на Македонија ремизираше (1-1) против Италија на арената „Тодор Проески“ и оствари одличен резултат против актуелниот европски првак, по двата јунски порази. Енис Барди го разубави капитенскиот настап со фантастичен гол од слободен удар во 81.минута од мечот. Италијанците поведоа на почетокот на вториот дел, со голот на Чиро Имобиле.
Барди потврди уште еднаш дека е мајстор за слободни удари. Имаше изгледна позиција по фаулот на Тонали над Елмас, а тоа за него е половина гол. Всушност, и многу повеќе. Го дозна тоа и Донарума.
Барди распали и испрати проектил во неговиот агол израмнувајќи на 1-1.

Водечкиот гол за „аѕурите“ го постигна Чиро Имобиле во 47.минута.
Македонската одбрана не расчисти добро една топка, Барела шутираше и ја погоди гредата, а одбиената топка Чиро Имобиле со глава ја смести во мрежата.
Првата шанса на натпреварот ја имаше Македонија. Во 19.минута, Езгјан Алиоски нафрли од левата страна, а Миовски имаше одлична шанса, во пад шутираше со глава, но за малку крај голот.
Две минути подоцна, Сандро Тонали излезе сам пред Столе Димитриевски, шутираше, нашиот голман имаше интервенција, а потоа топката заврши во дирекот, по што опасноста беше расчистена.
На крајот, големо реми за Македонија и многу поубава атмосфера пред утрешното патување за Малта. Следниот натпревар е на 12. септември, против Малта во Ла Валета.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал избегна пораз на „Енфилд“ (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Роналдо пред разделба со Ал-Наср?

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Евро-фудбал
Сорлот влезе во историјата на Ла Лига (ВИДЕО)
