Асот на Арсенал, Букајо Сака, всушност не е блиску до враќање на теренот иако во последните денови се појавија такви информации откако клубот објави негови фотографии од фитнес-тренинзи за време на подготовките во Дубаи. Според медиумите на Островот, англискиот репрезентативец, кој беше опериран на крајот на декември, може да отсуствува уште осум недели и да се врати во игра дури во средината на април.
Нема компликации со неговата повреда, но поради нејзината сериозност, клубот нема да ризикува и ќе почека максимално долго за да се осигура дека Сака ќе биде целосно рехабилитиран.
Откако клубот потврди дека и Кај Хаверц ќе биде надвор од терените до крајот на сезоната, менаџерот на Арсенал, Микел Артета, остана во нападот само со Леандро Тросар, Рахим Стерлинг и Итан Нуанери, кои во моментов се достапни. Никој од нив не е класичен напаѓач, но еден од нив ќе мора да ја преземе таа улога. Можно е и Артета да ротира меѓу своите офанзивни фудбалери во зависност од ситуацијата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













