Фудбалерот на Арсенал, Букајо Сака, е прогласен за добитник на наградата „англиски играч на годината“ од страна на Фудбалската асоцијација. Тоа е признание за најголем придонес во националниот тим за изминатата година.
Сака (22) ја освои наградата втора година по ред, пред капитенот на националниот тим Хари Кејн и новото засилување на Реал Мадрид, Џуд Белингем.
Bukayo Saka has won England's Player of the Year award for the second year in a row 🌟👏 pic.twitter.com/OQy3ks2Jn5
— ESPN UK (@ESPNUK) September 5, 2023
Сака за репрезентацијата на Англија дебитираше во октомври 2020 година, а во последните 12 месеци одигра 10 натпревари за „трите лава“ на кои постигна седум гола. Три гола беа негово дело на Светското првенство во Катар, каде Англија стигна до четвртфиналето.
Против Македонија оваа пролет Сака го забележа својот прв хет-трик за Англија.
Англиската фудбалска асоцијација на крајот на септември ќе го објави и добитникот на наградата за играч на годината.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













