
Легендарниот голман Џанлуиџи Буфон даде револуционерен предлог со цел да се зголеми бројот на голови во фудбалската игра. Според него, тоа ќе стане возможно доколку се зголеми големината на фудбалскиот гол. Сега е висок 2,44 метри и широк 7,32 метри.
„Можеме да почнеме да размислуваме за тоа. Голманите сега се многу поголеми. Многу е тешко да се постигне гол од далечина на голман од два метри. Пред 30 години имаше по 10 гола на секои 50 удари. Денес, три погодоци од 50 обиди е редок подвиг. Пред некој ден разговарав на оваа тема со моите роднини и мојата сопруга. Кога започнав во 1998 година, бев еден од петте највисоки играчи во Серија А (Буфон е висок 192 см)“, предлага Буфон.
„Димензиите на фудбалскиот гол биле одредени уште во 1875 година. Меѓутоа, тогаш голманите биле многу пониски од денешните. Дури и во одбојката се разговара за висината на мрежата – моите сестри играат одбојка, свесен сум за проблемот. Таму сервисот станува речиси исто толку важен како во тенисот“, објасни легендарниот голман на Јувентус и на италијанската репрезентација.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Хјонг-Мин Сон заминува од Тотенхем

Евро-фудбал
Фулам сака да го доведе Рахим Стерлинг

Интернационалци
Дарко Велковски е ново засилување за Зрињски

Евро-фудбал
Галатасарај во офанзива за Ким Мин-Јае

Евро-фудбал
Олимпик Марсеј сака да го врати Нејмар во Европа
