Легендарниот голман Џанлуиџи Буфон, кој од оваа сезона повторно го брани голот на Парма, изјави дека не планира да се пензионира иако има 43 години.
Од летово, легендарниот Италијанец се врати во Парма по две децении. Со своите интервенции на 43 -годишна возраст, тој го привлекува вниманието на јавноста и се обидува со својот тим да оствари враќање во елитата.
Она што многумина ги интересира е дали искусниот Буфон планира да се пензионира во блиска иднина, а судејќи по неговите зборови во интервјуто за „РАИ“, тоа нема да се случи наскоро.
„Не размислувам за тоа. Сакам да бидам среќен и главата и телото ми се добри. Продолжувам да играм со голем ентузијазам и задоволство. Во моментов не размислувам да ја завршам кариерата. Сфатив колку сум важен за овие луѓе, навивачите на Парма ми веруваат со соништа и надежи … Една од причините што продолжувам да играм е еволуцијата на фудбалот што ми овозможува да не ми биде здодевно. Јас сум повеќе вклучен во играта”, изјави Буфон, кој во јануари ќе наполни 44 години.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













