
Легендарниот голман Џанлуиџи Буфон нема намера да стави крај на својата професионална кариера. Иако има 43 години, Џиџи следната сезона ќе го носи дресот на Парма, а ги шокираше сите со својата најнова изјава за „Скај Спорт Италија“.
Буфон смета дека може да игра уште четири или пет години без проблем.
„Убеден сум дека можам да завршам добра работа во следните четири до пет години“, изјави Буфон.
Тој ја започна својата професионална кариера уште во 1995 година во дресот на Парма, а од 2001 до 2018 година беше дел од Јувентус.
По една сезона во ПСЖ, тој се врати во редовите на торинскиот гигант, каде ја имаше улогата на резервен голман, а по истекот на договорот летово, го напушти тимот од Торино. Сепак, тој одлучи дека сè уште не е време да ја заврши својата кариера. Тој се врати во тимот во кој порасна и сигурно ќе биде адут на Парма во борбата за враќање во Серија А.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Пелистер го доведе Марјан Ристовски

Евро-фудбал
Челси не се откажува од трансферот на Гарначо

Интернационалци
Агон Елези утре потпишува за Сараево

Евро-фудбал
Ал-Хилал тргнува по Дарвин Нуњез
