
Џанлуиџи Буфон до пред само неколку години важеше за еден од најдобрите голмани во светот. Неодамна и самиот призна дека веќе не припаѓа на првиот ешалон најдобри голмани, но неверојатен е податокот дека и на 44 години се уште брани на највисоко ниво како член на Парма во Серија Б.
Во изјава за „Газета дело Спорт“, италијанскиот голман ги именуваше петте најдобри голмани на денешницата.
На првото место го стави голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, а зад него се Џиџи Донарума, Мануел Нојер, Јан Облак и голманот на Милан, Мајк Мањан.
Одлуката Куртоа да биде на врвот на листата на Буфон не е толку изненадувачка. Белгиецот минатата сезона го собори рекордот по број на одбрани во Лигата на шампионите и во самото финале на ова натпреварување, со што уште еднаш покажа колку е важен за тимот на Реал.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal