Македонскиот прволигаш Шкендија го продолжи договорот со фудбалерот од средниот ред Бруно Дита. Тој и во наредните две години ќе биде дел од Шкендија откако потпиша договор со клубот до јуни 2024 година.
„Многу сум среќен што денеска потпишав нов договор со Шкендија и што ќе продолжам да го носам црвено-црниот дрес уште две години. Им благодарам на челниците на клубот што овозможија продолжување на договорот, исто така беше и моја желба да продолжам да бидам дел од Шкендија. Посебно ми е драго што ќе го продолжам престојот во градот Тетово. Во Шкендија формиравме добар тим и убеден сум дека во наредниот период ќе имаме успеси со Шкендија“, изјави Бруно Дита по потпишувањето на новиот договор.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski