Connect with us

Бриж ја изненади Барселона, Сити убедлив против „милионерите“, хет-трик за Осимен (ВИДЕО)

Клуб Бриж и Барселона приредија вистинска голеада во Белгија, одиграјќи 3-3. Домаќинот трипати водеше, но Барса секогаш наоѓаше начин да израмни.

Тресолди го отвори резултатот во шестата минута, а само две минути подоцна Феран Торес израмни.

Во 17. минута, Форбс повторно донесе водство за Клуб Бриж.

Ламин Јамал во 61. минута погоди за 2-2, а Карлос Форбс со својот втор гол три минути подоцна донесе повторно предност за домаќинот.

Сепак, во 77. минута, Цолис си постигна автогол за конечни 3-3.

Манчестер Сити убедливо ја победи Борусија Дортмунд со 4-1. Стрелци за Сити беа Фил Фоден (двапати), Ерлинг Халанд и Рајан Черки, додека за Дортмунд погодок постигна Валдемар Антон.

Интер со 2-1 го совлада Каират. Лаутаро Мартинез донесе водство, Арад израмни во 55. минута, а Карлос Аугусто во 67. минута го обезбеди триумфот.

Њукасл славеше со 2-0 против Атлетик Билбао. Аталанта со гол во 90. минута на Лазар Самарџиќ победи со 0-1 на гостувањето кај Олимпик Марсеј.

Баер Леверкузен со голот на Патрик Шик во 65. минута оствари гостинска победа против Бенфика (0-1).

Галатасарај беше доминантен во Амстердам и победи против Ајакс со 0-3, а хет-трик постигна Виктор Осимен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови