Македонскиот прволигаш Брера Струмица денеска ги отпочна подготовките за пролетниот дел од првенството кои ќе се реалзиираат во три фази. Првата во Струмица, втората во Турција во Анталија, додека последната повторно на свој терен во Струмица.
Новиот шеф на стручниот штаб Бојан Круљ денеска го одржа првиот тренинг на кој на играчите им ја објасни динамиката на подготвителниот период, но и неговите очекувања за вториот дел од сезоната.

„Во планот е оваа недела да биде воведна, да ги одредиме тестирањата и лекарските прегледи. Во овие две недели пред заминување во Анталија ќе имаме базично трчање и физички подготовки за да се подготвиме што подобро. На 24 јануари патуваме за Анталија. Таму ќе имаме четири тест натпревари. Ќе играме со Шабуртало од Грузија, со Черноморец Одеса од Украина, Атирау од Казахстан и Рух Хоржов од Полска. Тоа се натпреварите кои ние ги одбравме. Мислам дека се исклучително добри натпревари со кои ќе се потрудиме што подобро да се подготвиме, што подобро да се воигра екипата и што поподготвени да го пречекаме вториот дел од сезоната“, изјави Круљ.
Од таборот на Брера заминаа неколку играчи а дојдоа и нови. Во меѓувреме подготовките за пролетниот дел од првеството, стратегот Круљ ги започна без Салваторе Рибаудао, Лео Антонио, Франко Нахуел кои на првиот состав ќе се приклучат наредниве денови. Инаку се очекуваат и понатаму нови засилувања.

„Се надевам дека останавме на целта да го задржиме костурот на екипата и со новите засилувања да донесеме нешто ново во екипата. Мислам дека екипата поседува сериозен потенцијал, има доста млади талентиранииграчи и се надевам дека сето тоа заедно ќе го спакуваме како што треба“, истакна новиот тренер на Брера.
Струмичкиот прволигаш есенскиот дел од првенството го заврши на осмото место со вкупно 20 бода. По 18 првенствени кола има пет победи, исто толку нерешени исходи и осум порази.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













