Македонскиот прволигаш Брера се засили со уште двајца странски фудбалери во последниот ден од зимскиот преоден рок. Офанзивниот дел од тимот е посилен за крилниот напаѓач Хаџи Драме, кој доаѓа од Мали, но последните неколку години својата кариера ја гради во европски фудбалски клубови. Драме беше дел од младинските селекциите на Мали до 19 и 20 години.
Хаџи Драме доаѓа од ерменскиот тим Вест Ерменија, каде во есенскиот дел имаше 17 настапи со две асистенции и два гола. Во Европа доаѓа во натпреварувачката 2019/2020 во естонскиот Паиде од каде се преселува во грузискиот Дила Гори.
Второто ново засилување за Брера е босанскиот стопер Драган Билбија. Тој има играно во Радички Срем, но и во Рудар Приједор, а бил дел и од младинската репрезентација на БиХ до 19 години.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













