Италијанската компанија „Брера Холдингс“ е нов сопственик на Академија Пандев. Официјално е потврдено преземањето на македонскиот прволигаш.
„Компанијата „Брера Холдингс“ ја продолжува својата имплементација на стратегијата која ќе форсира за ширење и промоција на брендот Брера во Источна Европа. Со купувањето на Академија Пандев и ребрендирањето во Брера, планот е да се зголеми тимскиот напредок“, изјави извршниот директор на Брера, Серџо Скалпели.
Првата фудбалска лига на Македонија продолжува претстојниот викенд, а Академија Пандев многу брзо ќе го промени името и до крајот на сезоната ќе се бори за опстанок во елитата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













