
Раководството на Брера Струмица спогодбено го раскина договорот со шефот на стручниот штаб Џовани Валенти кој од денес нема да го предводи првиот тим, информира клубот на официјалниот сајт. Брера на овој чекор се одлучи согласно постигнатите резултати во Првата фудбалска лига на Македонија од стартот на сезоната кои не се вклопија во амбициите и стратегијата на клубот.
По извршените разговори и анализа на постигнатите резултати, со ваквата одлука се согласи и Џовани Валенти кои во Струмица пристигна со асистентот Микеле Кавали како и тренерот на голманите Алесандро Пегорари.
„Сакам да му се заблагодарам на господинот Валенти и неговите соработници за посветената работа во изминатите месеци. Донесовме заедничка одлука се во интерес на клубот. Нам сега ни преостанува што подобро да се подготвиме за последниот натпревар со екипата на Шкупи, но и за предизвиците за вториот дел од сезоната. Јавноста наскоро ќе биде информирана околу изборот на новиот тренер. Во последниот натпревар со Шкупи како вршител на должноста тренер, екипата ке ја предводи некогашниот тренер на првиот тим Ѓорге Стојчев“, вели генералниот директор директор на клубот Јован Симиќ
47 годишниот Валенти кој во Италија има работено со младински погони на повеќе калчолигаши, но и младите репрезентации на Италија, во Брера пристигна во јуни годинава.
Под палката на Џовани Валенти, Брера во 17 кола забележа пет победи, исто толку нерешени исходи и седум пораза. Со вкупно 20 бода, Брера во моментот се наоѓа на осмата позиција на прволигашката табела.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Димитар Митровски донесе триумф за Вараждин
