Connect with us

Брентфорд го шокираше Манчестер Сити на „Итихад“ (ВИДЕО)

Актуелниот шампион Манчестер Сити доживеа шокантен пораз (1-2) од Брентфорд на „Итихад“. Тоа е втор пораз за тимот на Пеп Гвардиола во шампионатот, а непосредно пред паузата за Светското првенство. На ова сигурно најмногу ќе се радува Арсенал.

Ајван Тони беше херојот на Брентфорд. Тој погоди за водство на гостите во 16.минута и најави можно изненадување. Сепак, Манчестер Сити нападна со сите сили и успеа да израмни преку Фил Фоден во последните мигови од првиот дел.

Сите очекуваа дека Сити во вториот дел ќе направи пресврт, но фудбалерите на Пеп Гвардиола немаа свој ден. Во 98.минута, Ајван Тони постигна уште еден гол и го шокираше шампионот.

На овој меч имаше десет минути продолжение поради лекарската интервенција за Ејмерик Лапорт.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови