
Фудбалерите на Брегалница на повеќе од убедлив начин го одиграа првиот натпревар пред своите навивачи во новата сезона, славејќи со 5-0 (1-0) во 2. коло од Втората лига – Исток на соседското дерби против Осогово.
Составот на Добринко Илиевски од првите моменти на средбата ја покажа сопствената моќ јасно навестувајќи ја цврстата определба да се дојде до трите бода на мечот кој се одигра во извонредна атмосфера пред околу 3.000 љубители на фудбалот од Штип и регионот.
По почетната иницијатива Брегалница до предноста дојде уште во 19. минута. По одличното нафрлање пред голот на гостите, Пепи Ѓоргиев највисок во скокот со глава ефектно од 7-8 метри стрелаше под гредата на гостинскиот голман.
Веќе во 21. минута нова одлично можност за „сините“ по шутот на Велинов, но погодок спречи гредата од голот на Осогово. Гостите во 32. минута ја имаа првата можност но Костовски со глава шутираше за малку покрај левиот дирек од голот на Давор Талески. Во 35. минута, Мичковски одлично проби по левата страна, го проигра Велинов чиј удар од десеттина метри Јовановски извонредно го одбрани спречувајќи зголемена предност за Брегалница.
Само што почна второто полувреме веќе 2-0 за Брегалница. Во 49. минута одлична акција по левата страна на Мартин Стојанов кој извонредно нафрли, а на 12 метри Пеп Ѓоргиев мајсторски со волеј удар носи водство од 2-0.
Се во продолжението беше во знакот на момците во сино. Па, во 60. минута по нафрлањето на Велинов од корнер, Јован Манев со небески скок и извонреден гол со глава ја заби „топката“ во мрежата на гостинскиот гол за 3-0.
По само три минути, веќе во 63. минута и 4-0 за штипјани. Стојанче Велинов одлично прифати еден „отпадок“ пред голот на гостите по одбиената топка од Јовановски и рутински од десеттина метри погоди во празната мрежа.
И ревијата на голови на Градскиот стадион во Штип ја заокружи Иван Настевски во 84. минута, кој запиша вистинско ремек-дело со прекрасен шут од повеќе од 20 метри откосо од десната страна стрелајќи во горниот лев агол од голот на Осогово. Сето тоа за заокружена „петарда“ за кочанци.
БРЕГАЛНИЦА – ОСОГОВО 5-0 (1-0)
Стрелци: П. Ѓоргиев 19′, 49′, Манев 60′, Велинов 63′, Настевски 84′

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Пелистер
Пелистер го доведе Петар Петковски

Млади репрезентации
Македонија У21 убедливо поразена во Полска

Прва лига
Работнички се засили со Демир Имери

Млади репрезентации
Македонија У19 подобра од БиХ на првиот тест

Млади репрезентации
Започнува продажбата на билети за мечот Македонија – Италија (У21) во Битола

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед го продава Андре Онана

Млади репрезентации
Избраниците на Горан Станиќ од Краков го почнуваат патот за ЕП 2027
