Фудбалерите на Брегалница сосема очекувано запишаа убедлива победа од 5-0 против Питу Гули во 12. коло од Втората лига – Исток.
Во убав амбиент на Градскиот стадион во Штип, „сините“ преку погодокот од пенал на Иван Настевски уште во 3. минута јасно потврдија дека нема да остават ништо на случајот.
Доминантната игра беше потврдена со уште еден гол во првиот дел. Во 27. минута Пепи Ѓорѓиев погоди за 2-0.
Истиот фудбалер во 59. минута веќе зголеми на 3-0, а капитенот Ристе Наумов во 73. минута и во 89. минута заокружи на 5-0.
Со оваа победа Брегалница ја зачува втората позиција на табелата со 27 бода, еден помалку од водечката Беласица, а еден бод пред Кожуф. На делба на четвртото место се Кит Го и Тиквеш со по 24 бода.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Патрик Виеира доби отказ од Џенова













