
Фудбалерите на Брегалница триумфираа со 1-2 (0-2) на пријателскиот натпревар против ФК Њу Старс кој денеска се одигра во Скопје.
Во натпревар во кој „сините“ настапија во комбиниран состав, погодоците за триумф ги постигнаа Мартин Стојанов во 10. минута и Ристе Наумов во 20. минута.
Во второто полувреме за Брегалница играа исклучиво фудбалери од младинскиот и кадетскиот состав како Рунтев, Михајлов, Арсовски, Цанев, Ладев, Филип Серафимов, Кудев, Леон Цуцковски…
Пред зимската пауза, Брегалница ќе одигра уште еден пријателски натпревар, в сабота (14. декември) против Борец во Велес.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
