Македонскиот прволигаш Брегалница откако ги расчисти сите дилеми со тренерот Илчо Ѓорѓиоски, кој доби тригодишен договор, тргна во реновирање на тимот. Штискиот клуб го ангажираше второто засилување за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, Колумбиецот со македонски пасош Александер Борха Кордоба.
23-годишниот Кордоба доаѓа од редовите на Ренова, каде настапуваше изминатата сезона, а игра на дефанзивните позиции.
Кордоба претходно во својата кариера има настапи и за Работнички, Македонија ЃП, Пелистер и Кит Го Пехчево во домашните шампионати.
Исто така, потпишан е нов договор со напаѓачот Марјан Алтипармаковски.
Алтипармаковски имаше одлична сезона во дресот на „сините“ завршувајќи ја со десет погодоци и четири асистенции, по што сега следи нов договор со Брегалница.
„Клубот продолжува во спортскиот дел активно со креацијата на тимот за следната сезона. Во таа насока се, паралелно и со потпишувањето на договорите со членови од младинските категории, се и новите договори со досегашните првотимци кои покажаа и докажаа во изминатата сезона дека се од исклучително значење за тимот, како што е искусниот офанзивец Марјан Алтипармаковски“, вели спортскиот директор на Брегалница, Никола Тонев.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal