Македонскиот прволигаш Брегалница под водство на шефот на стручниот штаб Илчо Ѓорѓиоски денеска ги стартуваше подготовките за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.
Првите неколку денови од подготовките ќе се работи во Штип, а потоа до почетокот на новата сезона во елитното друштво Брегалница во два наврати ќе реализира и по десетдневни подготовки во Пехчево.

За време на летните подготовки, планирано е и одигрување и пет пријателски натпревари. Веќе се утврдени датумите за пријателските дуели кои ќе се играат на 3. јули, 10. јули, 17. јули, 24. јули и генералката пред стартот на Првата македонска фудбалска лига на 31. јули.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













