Connect with us

Брегалница ги доведе Радевски и Даноски, стартува со подготовки на 8 јули

Македонскиот второлигаш Брегалница се активира околу креирањето на ростерот за следната 2024/25 сезона. Никола Тонев се враќа на местото спортски директор на клубот.


Тонев веднаш се активираше на трансфер пазарот и денес ФК Брегалница ги потпиша првите две засилувања. Јовица Радевски и Зоран Даноски се нови фудбалери на Брегалница. Радевски доаѓа од Беса, а Даноски од Тиквеш.

Станува збор за квалитетни фудбалери со прволигашко фудбалско педигре и се очекува и те како да помогнат на штипските сини во плановите за експресно враќање во првата лига. Исто така, напаѓачот Иван Глигоров го продолжи својот договор, а со тоа се стави на располагање на шефот на стручниот штаб Трајче Сенев за претстојната сезона.

Подготовките официјално започнуваат на 08 јули, а шест фудбалери од младинската школа ќе се приклучат кон првиот тим.

Закажани се и пријателски подготвителни натпревари по следниот распоред:

20.07 Брегалница – Детонит

24.07 ФК Вихрен (Бугарија) – Брегалница

27.07 слободен термин – се чека противник

01.08 Работнички – Брегалница

10.08 Брегалница – Победа (генералка)

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови