
Нејмар не помина неказнет за уништувањето на околината во татковината, со изградба на приватно езеро во вилата крај Рио. Тој доби голема парична казна од 16 милиони реали (3,3 милиони долари) за изградба на езеро во неговата палата на периферијата на Рио де Жанеиро без еколошка дозвола.
Меѓу откриените „десетици прекршувања“, властите наведоа „извршување работи што подлежат на контрола на животната средина без дозвола“, зафаќање и пренасочување на речната вода без дозвола и „отстранување на земјиштето и сузбивање на вегетацијата без дозвола“.
Градскиот совет на Мангаратиба изрече четири казни за „прекршување на еколошките норми при изградба на вештачко езеро на имотот на фудбалерот“, се вели во соопштението од секретаријатот на советот.
„Санкциите изнесуваат повеќе од 16 милиони реали“, износ што го утврдиле обвинителите во Мангаратиба, туристичка област на околу 130 километри од Рио, каде што ѕвездата на Пари Сен Жермен има своја куќа.
Нејмар има рок од 20 дена да се жали на казната, која првично беше одредена на пет милиони реали, што е близу еден милион долари. Но, сега е зголемена на 3,3 милиони долари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Најтрофејниот клуб Вардар го победи шампионот Струга ТЛ на гости, а Шкендија успеа да...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски
Најтрофејниот македонски клуб Вардар успеа да го совлада актуелниот шампион Струга Трим Лум на...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Баерн Минхен ја купува младата ѕвезда на Реал?

Евро-фудбал
Рејндерс ќе остане во Милан уште пет години
