Барселона e еден од најголемите фудбалски гиганти, без разлика што во моментот се соочува со финансиска криза, па има и фудбалери што би играле буквално бесплатно за каталонскиот клуб. На таков начин е понуден Бразилецот Оскар, поранешниот фудбалер на Челси, кој замина во Кина во 2016 година за трансфер вреден 60 милиони фунти и го носеше Шанхај Шенхуа.
Неговата неделна плата во Кина достигна неверојатни 560.000 фунти, но откако беше нова национална стратегија дека државата немавеќе да вложува во ангажман на скапи странци, комплетно се затвори тој фудбалски пазар за ѕвездите.
Сега Оскар сака и бесплатно да го носи дресот на Барселона до крајот на сезоната, само за да се врати во Европа на голема врата. Тој се обидел да се понуди како и Дани Алвеш, кој игра за симболично едно евро неделно.
Сепак, Чави Хернандез ја одбил оваа опција, истакнувајќи дека во моментов ангажман на фудбалер како Оскар не е приоритет за клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













