Connect with us

Бразил убедлив, Колумбија се подалеку од СП во Катар (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Бразил ја оствари 12. победа во квалификациите за СП совладувајќи го Парагвај со 4-0. Рафиња го отвори резултатот за 1-0, а потоа следуваше фантастичен гол на Фелипе Кутињо. Во второто полувреме за Бразил стрелаа и Ентони и Родриго, за конечни 4-0.


Селекцијата на Колумбија загуби (0-1) од Аргентина, која беше без Меси и е се подалеку од пласман на мундијалот во Катар. Победничкиот гол за „гаучосите“ го постигна Лаутаро Мартинез во 29.минута.

Убедлива победа оствари и селекцијата на Уругвај која на домашен со 4-1 беше поуспешна од Венецуела. Бентанкур погоди уште во првата минута, на 2-0 зголеми Де Араскаета, а во листата на стрелците се запишаа и Кавани и Суарез.

Перу ремизираше (1-1) против Еквадор.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови