Селекцијата на Бразил го победи тимот на Чиле со 1-2 во натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026 во зоната КОНМЕБОЛ. Благодарение на успехот, момците на Дорвиал Жуниор се искачија на четвртото место во единствената квалификациска група во Јужна Америка.
Домаќините од Чиле поведоа со раниот гол во втората минута на Едуардо Варгас. На крајот од полувремето тие имаа барање за пенал, кои не беа одобрени од судијата.
Веднаш во следниот напад, во првата минута од судиското продолжение на првото полувреме, Игор да Круз одговори на одличниот центаршут на Савињо и со глава ја погоди мрежата одблиску, израмнувајќи го резултатот.
Победничкиот гол падна во 89. минута, кога Луис Енрике направи одличен пробив и со удар од внатрешноста на шеснаесетникот ја донесе победата за „селесао“.
Венецуела и Аргентина играа на терен натопен со вода и на крајот ремизираа 1-1. Николас Отаменди донесе водство за Аргентина во 13.минута, а израмни Саломон Рондон во 65.минута.
Боливија ја победи Колумбија со 1-0, а Еквадор и Парагвај ремизираа без голови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













