Connect with us

Браво Македонијо, серија од десет меча и една година без пораз!

Македонската фудбалска репрезентација славеше важна победа на тешкото гостување во Астана – триумф од 0-1 против Казахстан во рамки на квалификациите за Светското првенство 2026. Херој на мечот беше искусниот Александар Трајковски, кој во првото полувреме со прецизен удар донесе три златни бода.

Со оваа победа, момците на Милевски – или поточно на Роберт Стојановски кој го водеше тимот поради суспензијата на селекторот – стигнаа до осмиот бод во групата по само четири одиграни натпревари и се искачија на првото место на табелата. Наесен ги чекаат клучни мечеви, но позицијата во овој момент е – идеална.

Уште поважно – Македонија е во серија каква одамна не сме виделе. Веќе една цела година националниот тим не знае за пораз! Од 10 јуни 2024 па до денешниот триумф – 9. јуни 2025 – „црвено-жолтите“ одиграа 10 натпревари без пораз: седум победи и три ремија.

Тоа е факт кој носи самодоверба и кредибилитет – Македонија станува стабилна репрезентација, знае како се играат тешки натпревари и како се освојуваат бодови на гостински терен.

А есента? Есента може да биде наша.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови