
Францускиот фудбалски репрезентативец Пол Погба денеска ги осуди „заканите и обидот за изнуда“, во соопштение потпишано од адвокатите на играчот и неговиот агент.
Светскиот шампион од 2018 година реагираше еден ден откако на социјалните мрежи беше објавено видео во кое неговиот постар брат Матијас Погба (32) ветува „големи откритија“ за 29-годишниот играч на Јувентус.
„Неодамнешните изјави на Матијас Погба на социјалните мрежи, за жал, не се изненадување. Покрај заканите, тие се и обид за изнуда од организирана банда“, се вели во соопштението.
Изјавата ја потпишаа мајката на Матијас и Пол, Јео Мориба, која е и застапничка на играчот на Јувентус, како и агентот на Рафаел Пиментa.
„Надлежните органи во Италија и Франција беа известени пред еден месец и нема да има дополнителни коментари во врска со тековната истрага“, се додава во соопштението.
Во видеото објавено на социјалните мрежи на четири јазици (француски, италијански, англиски и шпански), Матијас Погба, кој исто така е фудбалер, најави дека ќе открие големи работи за својот брат, како и за Пимента.
Братот на Пол Погба во видеото вели дека „целиот свет, вклучително и Јувентус и спонзорите, заслужуваат да знаат одредени работи, за да бидат запознаени со фактите и да одлучат дали навистина го заслужува нивното восхитување и почит.
Според АФП и нивните извори, од Пол Погба се бара голема сума пари доколку сака да избегне објавување на наводно компромитирачки снимки.
Пол Погба се врати во Јувентус во летниот преоден рок, откако мина шест години во Манчестер Јунајтед. Моментално се опоравува од повредата на десното колено и на терените би требало да се врати кон средината на септември.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Глазгов Ренџерс сака да го врати Бојан Миовски во Шкотска

Евро-фудбал
Педри: Нема да молчам, тоа не беше пенал!

Евро-фудбал
Ханси Флик: Верувавме во победата до самиот крај
