
Фудбалерот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Џулијан Брант, зборуваше пред финалето на Лигата на шампионите каде неговиот тим ќе игра против Реал Мадрид. И покрај тоа што ќе имаат силен ривал и и тоа на култниот „Вембли“, тој смета дека најважно за него и соиграчите ќе биде да останат мирни и да не потпаднат на притисокот.
„И покрај сиот притисок, треба само да уживаме во овој натпревар. Не може да биде подобро – играње финале против еден од најдобрите можни противници во целиот свет на еден од најубавите стадиони во светот. Ретко можеш да го доживееш тоа, можеби само еднаш“, изјави Брант.
Реал Мадрид е фаворит според обложувалниците, но сигурно дека Борусија Дормтунд нема лесно да се откаже во битката за трофејот. Натпреварот започнува од 21 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
