Менаџерот на Брајтон, Роберто Де Зерби, потврди дека Каору Митома е посериозно повреден и ќе мора да мирува неколку недели.
Митома заработи тешка повреда поради која ќе биде надвор од терените најмалку шест недели, што значи дека ќе отсуствува до средината на февруари.
Голем проблем е тоа и за јапонската репрезентација пред претстојниот Азиски куп кој започнува на 10 јануари.
Воедно, Митома ќе пропушти голем број натпревари во Премиер – лигата и во ФА Купот, против Тотенхем, Вест Хем, Стоук, Вулверхемптон, Лутон, Кристал Палас, повторно против Тотенхем, а би можел да се врати за мечот против Шефилд Јунајтед на 18 февруари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













