Connect with us

Брахим Дијаз го победи коронавирусот

Фудбалерот на Милан, Брахим Дијаз, се опорави од коронавирусот, соопшти денеска италијанскиот клуб. Милан во краткото соопштение наведе дека шпанскиот играч од средниот ред на последното тестирање бил негативен на Ковид-19.


Тој претходно беше позитивен на коронавирус на 15 октомври, а вечерва, сепак, нема да може да настапи на натпреварот против Торино, во Серија А.

Дијаз (22), постигна четири гола на девет натпревари оваа сезона, забележувајќи и две асистенции. Тој е позајмен од Реал Мадрид во италијанскиот клуб, а Милан има можност да го откупи неговиот договор за 22 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови