
Во аргентинскиот филм „ El Hijo de la Noviа“ (Синот на невестата) актерот во улога на католички свештеник говори за тоа како го „идеализирале, па потоа го распнале“. Кога го предупредиле дека е тоа поедноставување на животот на Исус, свештеникот одговорил: „Но, јас зборував за Марадона“.
Во Аргентина нема човек кој нема да каже дека не постои култ кон црквата на Марадона во која како чудо се слави голот „божја рака“ и се слави името на најдобриот аргентински, а веројатно и светски фудбалер на сите времиња, и тоа и многу години откако престана да игра.
Во осумдесеттите години на минатиот век беше најголема фудбалска ѕвезда. Во деведесеттите стана учесник во многубројни скандали. Златното момче знаеше да им се радува на успесите со подеднаква сила со која тагуваше при поразите. Беше брз, луциден и харизматичен, со топката можеше и знаеше се, но не знаеше што да прави со својот живот. Беше селектор на Аргентина и на новинарите и на навивачите им велеше „Можете да ми го п…е“.
Дон Диего…Најголем меѓу најголемите. Најлуд меѓу фудбалерите. Еден и единствен.
“Maradona was something literally out of this world…he carried the Argentinian blood in his veins”
Rest in glory, Diego Maradona. pic.twitter.com/O0tNKjX4s4
— COPA90 (@Copa90) November 25, 2020

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал се пофали со Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Расмус Хојлунд пред трансфер во Милан
