
Поранешниот македонски репрезентативец и селектор на националниот тим Бошко Ѓуровски раскажа за дуелите против легендарниот Диего Марадона. Одиграл четири натпревари против најголемиот на сите времиња и вели дека имал неверојатна харизма и нудел фудналска магија на теренот.
„Ја имав таа чест четирипати да играм против Марадона. Првпат тоа беше на Светското првенство за фудбалери до 20 години во Јапонија во 1979 година. Марадона доминираше и беше прогласен за најдобар играч. Уште тогаш се виде дека ќе биде голем фудбалер. Потоа дојдоа мечевите од Купот на победниците на куповите со Црвена Звезда, двомечот против Барселона. Постигнав гол на гостувањето, но ги загубивме двата меча. Малку е познато дека претходно одигравме и пријателски меч во Хихон каде што победивме со 1-0, а јас го постигвав единствениот гол. Тоа се моите четири натпревари во кариерата против Марадона. Драго ми е што сум го запознал и што сум имал чест да играм со него. Со мојот кум Рајко Јањанин коментиравме колку е посебен на теренот. За мене тој е најдобриот, имаше магија во нозете. Дриблинзи, координација, фудбалска интелегенција. Тој и Роналдињо. Само тој може да се спореди со Марадона. Диего имаше проблеми со кокаинот, тоа го уништи, но нему се му е простено. По мене не може напаѓачи и дефанзивци да бидат најдобри играчи. Марадона, Роналдињо, Кројф, тие се според мене најдобрите. Пеле не сум го гледал освен на некои видеа, не можам да кажам за него ништо“ – изјави Бошко Ѓуровски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дориев двоен стрелец за Согдиана (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Ако Реал денеска загуби, Анчелоти ќе добие отказ
