Connect with us

Босанците без Џеко во решавачките дуели за мундијалски бараж?

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина последните два натпревари во квалификациите за СП 2022 против Финска и Украина би можела да ги одигра без својот најдобар играч Един Џеко.


Напаѓачот на Милан заработи повреда на мускулот на првенствениот натпревар против Милан (1-1) и прашање е дали ќе се опорави за двата клучни натпревари. Сезонава Џеко на 16 натпревари постигна осум гола и запиша три асистенции.

Репрезентацијата на БиХ има уште два натпревари до крајот на квалификациите, прво в сабота на домашен терен против Финска, а три дена подоцна и против Украина.

На табелата во групата Д води Франција, која е на само милиметри од директен пласман во Катар, додека Украина, Финска и БиХ ќе се борат за второто место кое води до дополнителни квалификации.

Украина моментно е второпласирана со девет бодови, Финска има осум, а БиХ седум бода. Украинците имаат само еден натпревар до крајот на квалификациите, на гостувањето кај БиХ, додека Финска и БиХ имаат по два меча за играње. Финска гостува кај Зеница, а потоа ќе и гостува на Франција.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови