Македонскиот прволигаш Струга ТЛ останува без еден од најдобрите играчи во средниот ред, Немања Босанчиќ, кој заминува од Македонија и треба следната сезона да го носи дресот на Борац Бања Лука. Покрај него, стружани се разделија и со офанзивецот Флоријан Кадриу.
Од друга страна, Струга ТЛ успеа да ангажира квалитетен голман. Душан Чубраковиќ, кој во минатото беше дел од Академија Пандев, во претстојната сезона ќе го брани голот на Струга Трим Лум.
Најголемото засилување за стружани секако е Бесарт Ибраими кој по настапите за Ксанти се врати во македонскиот шампионат. Тој е најдобриот стрелец во историјата на македонските првенства.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













