
Фудбалерите на Борусија Менхенгладбах се пласираа во четвртфиналето на Купот на Германија. Коне го одведе тимот меѓу најдобрите осум со голот во 120.минута на дуелот против Волфсбург.
И двете екипи имаа свои шанси за победа уште пред продолженијата. Сепак, кулминацијата на драмата се случи во последната минута од второто продолжение кога домаќините одиграа одличен контранапад, Флоријан Нојхаус го вработи Куди Коне, а играчот за врска постигна гол вреден за четвртфинале и голема радост на домашните навивачи.
Во второлигашкото дерби во Купот, Кајзерслаутерн на домашен терен го совлада Нирнберг со 2-0, додека Фортуна Диселдорф како гостин беше подобра од Магдебург со 1-2.
Членот на регионалната лига Хомбург го заврши своето учество во Купот со домашен пораз (1-4) против Сент Паули.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Прва лига
Вардар со пресврт го победи Работнички
